English
version

 

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕНЕ

 

 

 • Кој е Емил...
 • ПОВЕЌЕ ИНФО 
 • Слики
 
 • Другари  
 
 • Патувања  
 
 • Настани  
 
 • IFLRY  
 
 • Линкови  

 

Националност:
Македонец

Етничко потекло: мешано
Македонско, Грчко, Германско, Романско, Чешко/Словачко, Унгарско

Религија:
православна (припадник на автокефалната Македонска православна црква)

Благодарност:
на моето интелектуално семејство и на мојата баба - Софија Ѓорѓевска.

Разој на домашна политичка кариера:
- од 18 години член на Либерална партија и на Либерална унија на млади (ЛУМ)
- во 1993 избран за член на првиот градски одбор на ЛУМ во Скопје
- во 1994 на второто Собрание на ЛУМ избран за член на Централниот одбор и Извршниот одбор на ЛУМ
- 1994-1998 меѓународен секретар на ЛУМ
- по спојувањето на Либералната партија и на Демократската партија во 1997, член на Либерално-демократската партија и ЛиДеМ - Либерално-демократска младија
- 1999 избран за член на Централниот одбор на ЛДП
- 2001 в.д. меѓународен секретар на ЛДП
- 2003 избран за [најмлад во историјата] член на Извршниот одбор на ЛДП
- 2004 избран за Претседател на Одборот за меѓународна политика и Евроатлантски интеграции
на ЛДП

Развој на меѓународната политичка кариера:
- 06 декември 1997, на Генералното собрание на IFLRY (International Federation of Liberal Youth), во Бугарија, избран за потпретседател на IFLRY 
-
28 ноември 1999, на ГС на IFLRY во Германија избран за Генерален секретар на  IFLRY
- 24 ноември 2001, на ГС на IFLRY во Белгија, избран за Претседател на IFLRY
- март 2002, на Конгресот на Liberal International во Унгарија, избран за потпретседател на LI
- октомври 2003, на Конгресот на LI во Сненегал, реизбран за потпретседател на LI
- 22 ноември 2003, на ГС на IFLRY во Холандија, резибран за Претседател на IFLRY
- 14 мај 2005, на Конгресот на LI во Бугарија, реизбран за потпретседател на LI

Членство во други организации:
- 1997 - , Млади Европски федералисти - МЕФ Македонија/JEF Macedonia
- 1999 - , Ротаракт клуб Скопје. Спонзор на клубот е Ротари клубот Скопје, член на Rotary International

Во периодот април 2000 - јануари 2002 вработен во Дирекцијата за млади и спорт на Советот на Европа.
Работни задачи: развој на младинска политика и програми во Југоисточна Европа, имплементација на интернет ориентираните програми на
Партнерството за меѓу ЕУ и СЕ во областа на младинската политика, менаџирање на работата на Фондот за солидарност на младинската мобилност, и поддршка во реализацијата на програмите за обука на младински лидери.

Дипломирано Компјутерска техника, информатика и автоматија на Електро-техничкиот факултет (ЕТФ) во Скопје во март 2000. Фокус на студиите е компјутерско прогамирање (програмски јазици: Basic, Pascal, SQL, LISP и PROLOG, основно познавање на JAVA, C и C++). Интерес за мрежи, посебно интернет

top

Назад кон ПРВАТА СТРАНА


   Страните се креација на Емил Кирјас.
Пратете ги Вашите сугестии по
e-mail.
Последно обновување:
08/06/05 16:28